-->
-->
Започна реконструкцијата на старата училишна зграда во Пехчево
-->

Започна реконструкцијата на старата училишна зграда во Пехчево, каде ќе бидат сместени дисперзираните паралелки на беровската гимназија „Ацо Русковски“.
Живко Каликов, од одделението за контакт со граѓаните во Општина Пехчево за МИА истакна дека старата зграда која со години стоела напуштена и руинирана, конечно, ќе биде повторно ставена во функција на образовниот процес.
- Ова е прва реконструкција на овој училишен објект од неговата изградба. Ќесе реконструира, буквално, на сите позиции – покривот, прозорите, подовите,односно ќе добиеме современо училиште. Ова значи дека ќе ја вратиме образовната функција на старата училишна зграда, рече Каликов.
Средствата во целост се обезбедени од Министерството за образование и наука, а вредноста на реконструкцијата е 9 милиони денари.
Во диспарзираните паралелки во Пехчево на СОУ „Ацо Русковски“ учат 140 деца кои слушаат настава во 7 паралелки.
- Досега наставата се следеше во училници од деветолетката пру ООУ „Ванчо Китанов“-Пехчево. Со реализацијата на овој проект ќе се реши големот проблем и за учениците и за наставниот кадар што ќе значи подобри услови за работа, додава Каликов.
Според најавите, градежните работи на старата училишна зграда треба да завршат до крајот на летото, а новата учебна година,пехчевските средношколци ќе ја започнат во нови училници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
