-->
-->
Започна Конгресот на ЕПП, Мицкоски на Политичкото Собрание
-->

Денес делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, секретарот за меѓународна политика Влатко Ѓорчев и советникот за меѓународна политика на претседателот, Тимчо Муцунски учествува и на политичкото Собрание на Европска Народна Партија.
На Политичкото собрание учествува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вечерва и во текот на наредните денови ќе оствари низа билатерални средби со лидерите од сестринските партии.
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ сестринските партии ќе ги информира за злоупотребата на институциите за политичкиот прогон преку кој се врши притисок врз сите кои мислат поинаку од криминалната власт, кои исто така Македонија се повеќе ја оддалечуваат од европските стандарди, информираат од партијата.
На самитот на ЕНП треба да биде избран кандидат за претседател на ЕК, а ВМРО-ДПМНЕ учествува со 4 делегати со право на глас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола