Започна изградба на „антимигрантски ѕид“ во францускиот град Кале

Во францускиот град Кале започна изградба на ѕид, чија цел е да се спречи влез на мигрантите во градското пристаниште, од каде се обидуваат илегално да заминат за Велика Британија.
Ѕидот ќе се наоќа на неколку стотици метри од дивиот мигрантски камп „Ланд“, познат како „Џунгла“, каде според официјалните податоци на властите престојуваат околу 6.900 мигранти, а неофицијално се говори за бројка од 10.000 лица.
Ѕидот ќе биде долг 50 метри и висок четири метри, а околу него ќе бидат засаедни растенија. Ѕидот ќе претставува продолжување на пградата од бодликава жица, поставена во текот на летото 2015 година, за да се заштити пристаништето и патот што води до него.
Според префектурата Па-де-Кале, градежниоте работи на ѕидот треба да се завршат „пред крајот на годината“.
Инаку изградбата на ѕидот во Кале е финансирано од Обединетото Крластво, кој врз основа на билатерален договор со Франција, ја врши граничната контрола во ово град на француска територија.
Изградбата на ѕидот почна само неколку дена пред најавената посета на француксиот претседател Франсоа Оланд на Кале за в понеделник.
- Симболично и психички, овој ѕид длабоко погодува. Но, ова е многу погрешен начин на користење на британските пари, изјави Франсоа Гуенок, претставник на една од организациите за заштита на правата на мигрантите.
Портив изградбата се изјасни и градоначалничката на Кале, репубиканката Наташа Букар, според која „овој ѕид не треба да постои“.
Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев кој го псети Кале на 2 септември најави затворање на овој најголем камп на мигранти во Франција „што е можно поскоро“.
Според Владата, дислокацијата на мигрантите ќе претставува „хуманитарна операција“, при што на секој мигрант ќе му биде понудено да аплицира за добивање азил".
Казнев и министерката за домување Емануел Ксе, по состанокот со локланите здруженија на граѓани, најавија дека за секој мигрант ќе се најде решение за сместување.
Државата планира вкупно 12.000 нови места за сместување на мигрантите ширум територијата на Франција, со исклучок на Парискиот регион, кој веќе е преполн со мигранти и на Корзика, која е против профаќањето на овие лица.
Ново на Сител
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
-

Победа и пораз на македонските репрезентации на шаховската Олимпијада
-

Мицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си ги менуваме институциите, некои земји сакаа да ни го сменат идентитетот
-

Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 32%, најниско ниво досега
-

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Калас ги повика земјите од ЕУ да ја задржат политиката на санкции кон Русија
-

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор за Црвеното Море и Украина
-

Во Србија почнува исплатата на еднократна помош од 6.000 динари
