Започна фрескосликањето на црквата „Свети Лука“ во Виница
Четворица уметници од Србија денеска ги започнаа работите на внатрешното уредување на храмот Свети Лука во Виница, со што ентериерот на црквата постепено го добива својот духовен сјај.
Фреските се претежно донации од семејства, но се уште е отворена можноста за нови спонзорства.
- Надворешниот дел е многу добро направен, со фрески, иконостас и икони, уметници го зоографисуваат нашиот храм кој е речиси 60 проценти насликан. Средствата се од нашите верници, кои донираат за црквата, изјави Бранко Богданов, свештеник во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Виница.
Градбата на храмот Св.Лука во Виница започна 2011 година, меѓутоа осветувањето е најавено за следната 2017, а на празникот Павловден оваа година, започна и изградбата на камбанаријата.
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје