Започна асфалтирањето на улицата “Наум Охридски”
Нанесен е првиот слој асфалт на улицата ,,Наум Охридски", како дел од реконструктивните зафати кои ќе го решат долгогодишниот проблем на жителите од Црниче. Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности кои покрај асфалтирањето по цела должина на улицата, предвидуваат и реконструкција на атмосферската канализација и нов тротоар и осветлување.

-Започна асфалтирањето на првиот слој на ул. ,,Наум Охридски" во Црниче. Проектот го финишираме со целосна реконструкција на атмосферската канализација на улицата, која до сега правеше сериозни проблеми на жителите кои живеат по улицата. Планирана е и реконструкција на тротоарите, затворање на дупките кои се отвораа токму поради атмосферските води, како и осветлување на улицата, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-

Монтеко со две платинести и една сребрена награда во Белград
-

Вакцинацијата против грип ќе стартува следната недела - приоритетните ќе ги утврдува Комисијата за имунизација
-

Диспензирање на терапијата за мултиплрекс склероза
-

Проширувањето на ЕУ во сенка - Зеленски го превзема фокусот на состанокот на Европскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
-

Преглед на вестите од светот
