Македонија
21. December 2020 - 18:30

Запленети близу илјада пиротехнички средства на ГП Делчево

Денеска (21.12.2020) на Граничен премин Делчево, при влез во Република Северна Македонија, полициски службеници извршиле преглед на багаж на П.П. од Битола, кој пеш ја поминувал границата, при што биле пронајдени 886
парчиња различни видови на пиротехнички средства. Пронајдените предмети биле одземени и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.