Македонија
30. March 2018 - 13:29

Запален автомобил во скопско Марино

Патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици било запалено од непознато лице во скопското село Марино. 
 
Како што информира МВР, случајот денеска, во 00:50 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје го пријвила Е.Т., сопственик на возилото. 
 
Полицијата работи на расчистување на случајот.