Почина Американката која скокна со падобран на 104 години
Дороти Хофнер почина во домот за стари лица, пред да ги дочека резултатите од Гинисовата книга на рекорди со кои треба да се потврди како најстарата личност што скокнала од авион, пишува „Гардијан“.
Нејзиниот близок пријател Џо Конант потврди дека Дороти била пронајдена мртва од персоналот во домот за стари лица „Брукдејл Лејк Вју“ во понеделникот, а се верува дека починала во текот на ноќта.
„Таа беше неуморна. Таа само продолжи. Дури и не дремеше попладне. Таа беше подготвена за секаква активност“, изјави Конант.
На 1 октомври, Хофнер скокна од авион, што ја направи, иако сè уште не официјално, најстарата личност во светот што скокнала од авион. Таа го изведе скокот на височина од 4.100 метри, на околу 140 километри југозападно од Чикаго.
„Годините се само бројка“, изјави 104-годишната жена по успешното спуштање.
Конант рече дека работи на документите за да се осигура дека Гинисовата книга на рекорди постхумно ќе ја потврди Хофнер како најстарата личност што скокнала од авион со падобран, но тој очекува дека тоа ќе потрае некое време.
Актуелниот рекорд беше поставен во мај 2022 година од 103-годишната Линеа Ингегард Ларсон од Шведска.
Ново на Сител
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
-

1,4 милиони евра за обнова на Исарот во Штип
-

Струмица ќе инвестира 30 милиони денари во нов озонатор за фабриката за вода
-

Иран им се заканува на земјите што ја поддржуваат „економската војна“ на САД
-

Преглед на вестите од светот
