На 41 година почина пејачот и текстописец Далибор Ѓошиќ
ЖАЛНА ВЕСТ
ДАЛИБОР ЃОШИЌ (1982 – 2023)
Истакнат пејач од прв ред – солист на НУ Танец
Со длабока тага ја примивме веста дека денеска, по кусо и тешко боледување, на 41-годишна возраст не напушти нашиот колега Далибор Ѓошиќ, кој ќе остане запаметен по неговите врвни вокални интерпретации со ансамблот Танец, насекаде низ светот.
Роден е во 1982 година и целиот својот животен и професионален пат го поминува во својот роден град. Музиката е негова љубов и определба уште од најрана возраст, а неговото музичко образование се протега од нижото и средното музичко училиште, сѐ до Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Во Националниот ансамбл Танец се вработува во 2007 година, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист и како дел од различни ансамблови состави, остварува 363 концертни настапи, дома и надвор. За само четврт век, со Танец настапил во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка. А статистиката вели и дека има исполнето над 300 песни пред вкупен аудиториум од речиси 100 илјади посетители. Незаборавни се неговите изведби на песните „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други.
Покрај успешната кариера со ансамблот Танец, Далибор Ѓошиќ беше присутен и на фестивалската сцена. За време на својот краток, но плодотворен живот, остави голем број на безвременски интерпретации на изворни и новосоздадени песни во народен дух, кои трајно ќе останат во аналите на македонската народна музика. Ѓошиќ со право важеше за еден од најдобрите гласови во Македонија.
Вработените во НУ Танец изразуваат длабоко сочуство до неговиот син Стефан и до неговото семејството.
Слава му!
НУ Танец
(Информациите за датумот и местото на погребот ќе бидат дополнително објавени.)
Ново на Сител
-

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
-

Барал 100 евра за да избрише судска казна 200 евра и 6 месеци забрана за управување возило, уапсен судски службеник во Гостивар
-

РСБСП со апел за безбедно возење во зимски услови
-

ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
-

Општина Кисела Вода: Активиран Кризен штаб, континуирано се чисти снегот
