Замрзна дел од виновата лоза во Тиквешко поради ниските температури
Дел од виновите лози во Тиквешко замрзнаа поради ниските температури кои изнесуваа и до минус 18 степени целзиусови во изминатите денови, информираше денеска Диме Златев од Кавадарци, пензиониран магистер по земјоделски науки и човек со големо работно искуство во лозарството.
Според Златев кај десертните сорти на грозје “кардинал” и “афусали” дури и на температури од минус 15 степени целзиусови има до педесет проценти оштетувања.
- На температура од 18 степени под нулата, особено во лозовите насади покрај реките Вардар, Црна Река и Луда Мара, штетите од мразот се уште поголеми, рече Златев.
Како многу отпорни на ниски температури се покажале винските сорти на грозје “темјаника”, “станушина”, “жилавка”, “шардоне”, “ризлинг”, “мерло”, како и трпезните “викторија”, “мишел палиер” и “стражински”.
Според раководителот на работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино Ѓорѓи Ајтов, мрзнење кај родните папки од виновите лози како последица на ниските температури има, ако се земе во предвид колку се спуштија температурите деновиве.
- Теренската проверка која ќе почне од понеделник и ќе трае една седмица, ќе ги утврди вистинските штети според сорти на винови лози и локалитети, нагласи Ајтов.
Теренски согледувања најави и Зоран Шалев, началник на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кавадарци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024