Живот
14. April 2016 - 12:12

Заменик-директор на турско училиште ги прогласи народните танци за грев

Заменик-директор на едно училиште во Турција ги прогласи народните танци за грев, бидејќи во нив „мажи и жени кои не се во брак се држат за раце“, објави денеска турскиот весник „Созџу“, посочувајќи дека „фанатичкиот директор“ за ваквиот став добил поддршка и од локалниот огранок на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП). 

„На каква лица им е доверено управувањето во Турција“, гласи насловот на веста, во која весникот информира за случај во округот Малатија во источна Турција, каде зменик-директор на локална гимназија ги осудил народните танци.

- Под називот народни танци се играат несоодветни танци. Што точно од овие танци е во согласност со Исламот? Ќе го дозволи ли тоа еден татко, кој прави прекршок во име на честа?, напиша на својот профил на социјалните мрежи, заменик-директорот Н.Т. 

„Созџу“ објави дека по ова членови на опозициската Републиканската народна партија оргнизираа протест играјќи оро пред училиштето во кое Н.Т. е заменик-директор. 

Во меѓувреме Н.Т. доби поддршката од претседателот на регионалниот огранок на АКП во Малатија, Мирач Ѓочмез, кој целиот случај го искоментира со зборовите: „човекот е во право“.