Законот за управување со природното и културното наследство во Охрид пред пратениците

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја продолжи 104. седница, која ја почна вчера.
Пратениците денеска ќе расправаат по преостанатите точки, а меѓу нив се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и двата по скратена постапка и во второ читање.
Овие два закони ќе се најдат пред пратениците на пленарна седница, откако денеска претходно ќе поминат во матичната Комисија за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред е и Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион во прво читање, кој вчера помина на Комисијата за култура.
Новиот закон за управување со природното и културното наследство е согласно советите и условите што УНЕСКО ги истакна во последниот извештај, а законот вчера не расправата во матичната Комисија не беше поддржат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Образложението беше дека предвидениот мораториум и за градба во Охрид и слични мерки, можеле да се спроведат и со постоечкиот закон. Забелешки имаше и во однос на составот на советот, што треба да се формира согласно предлогот. Според опозицијата, законот ги амнестира градоначалниците од одговорност.
Според пратениците од СДСМ законот треба да се донесе што е можно поскоро бидејќи Охрид се наоѓа во страшна состојба и УНЕСКО бара реална разработка на план за справување со големата криза, а одговорноста за таа состојба треба да се бара кај сите.
Комисиската расправа беше прекината поради почеток на пленарната седница и дополнително ќе биде закажана.
На дневен ред на 104. седница е и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2018 година.
Ново на Сител
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
-

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите
-

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
