-->
-->
Законот за косовска војска ќе биде поднесен до Владата најдоцна до април
-->
Косовскиот министер за безбедносните сили Рустем Бериша изјави дека неговото Министерство, најдоцна до април ќе го поднесе во Владата предлог-законот за формирање на војска на Косово.
Бериша посочи дека косовските безбедносни сили се целосно подготвени да се трансформираат во војска.
Од друга страна, воени експерти тврдат дека таа трансформација ќе биде одложена, бидејќи процесот веќе станал многу сложен.
Косовскиот весник „Зери“, пишува дека трансформацијата преку уставни измени, има потреба од гласови од две третини од пратениците на етничките малцинства, вклучително гласовите на Српска листа, кои сега се против формирањето на војска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости