Законот за безбедност во сообраќајот на собраниска седница

За возење без сигурносен појас, возачите во иднина ќе плаќаат глоба од 40 евра во денарска противредност или пак ќе им бидат впишани 25 негативни поени во возачката книшка. За непропуштање на пешаци казната ќе достигнува до 200 евра во денарска противредност.
Ова се мал дел од одредбите на Предлог- законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во прво читање кој е на се на дневрн ред на денешната 63.седница.
Мобилен телефон додека возачот управува со возилото не смее да користи, освен ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце. Глобата за зборување на мобилен телефон е предвидува да изнесува 40 евра или 25 негативни поени.
Лицето кое се превезува со возилото не смее да го попречува возачот на начин кој би го намалил неговото внимание и можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило. Глобата за попречувачите на возачите е предвидено да изнесува 50 евра во денарска противредност.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ги одржи 63-та и 64-та седница.
На дневен ред на 63. седница се и Предлог - одлуката за изменување на Одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан, како и повеќе измени и дополнувања на закони од различни области, во скратена постапка.
Пратениците ќе дискутираат и за предлог - законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце - Прешево и на Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции во земјоделство и рурален развој во Република Македонија.
Собранието ќе ја продолжи и 64. седница на чиј дневен ред, исто така се измени и дополнувања на повеќе закони по скратена постапка од областа на земјоделството, шумарството, здравството, труд, внатрешни работи и други со кои се врши усогласување со одредби на Законот за прекршоци.
Во Собранието денеска седници ќе одржат и комисиите за здравство, за еднакви можности на жените и мажите, за економски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за култура, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, одбрана и безбедност и Законодавно -правната комисија.
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
