Законите за судовите и за Судски совет на владина седница

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 57. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, се предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за судовите и на Законот за Судски совет на Република Македонија.
На дневен ред на седницата, како што соопшти владината прес-служба е и Информацијата за работната дефиниција за антисемитизмот усвоена од страна на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА).
Министрите ќе ја разгледаат и Информацијата со Предлог-одлуката за формирање на Управен одбор на проектот Самовработување со кредитирање и Проектот кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање нови работни места, на предлог на Агенцијата за вработување на Република Македонија.
На седницата на Владата ќе се најде и Информацијата за реализација на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Битола“, како и информациите за прогресот на активности во реализацијата на Акцискиот план за проектот рехабилитација и реконструкција на автопатите, експресните и регионалните патни делници во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
