Заклан Србин и кокаин вреден 30 милиони евра пронајдени на брод во Џенова
На брод во Џенова кој превезувал кокаин е пронајден заклан морнар (50), државјанин на Србија, јавува Џенова 24.ит.
Во италијанскиот град запленети се над 400 килограми кокаин, кој бил сокриен во контејнер во кој имало кафе од Бразил, а на бродот МСЦ Аделаид, освен дрога, бил пронајден и српскиот државјанин.
Според италијанските медиуми, на бродот биле запленети точно 445 килограми кокаин.
„Истражителите уапсија двајца мажи кои ги пронајдоа на бродот. Тоа беа Кулм Камал и Фабио Папе. Потоа еден од нив беше фатен како зема кеси од контејнер што бил ставен во просторот за видеонадзор. Вредноста на запленетата дрога на пазарот би била 30 милиони евра“.
Италијанските медиуми наведуваат дека се истражува смртта на Србинот, а не е исклучена можноста тој да се самоубил. Но, сомнително е што оружјето не е пронајдено покрај него.
„Оружје, нож или можеби секач со кој му е пресечено грлото на морнарот не е пронајдено, а неговите колеги од бродот во полиција рекле дека најверојатно се самоубил. Овие наводи темелно се проверуваат“, пишуваат медиумите.
Според медиумите, истрагата е во тек.
Ново на Сител
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
-
75-годишен дедо почина по службен разговор во полиција во Охрид
-
Богојески заминува од функцијата директор на Национална агенција, ќе раководи со друга институција
-
Иран: Најмалку 610 лица се убиени од почетокот на војната со Израел
-
Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето
-
Пронајден починат 32-годишник од Скопје во стан на подрачјето на Карпош
-
Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино
-
Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни