Заканувачки пораки за Гаши
Кабинетот на претседателот на Собранието попладнево соопшти дека по објавувањето на вчерашното интервју во емисијата 360, во кое учествуваше претседателот на Собранието Африм Гаши, на официјалната електронска адреса на Претседателот е добиен е-мејл со заканувачка содржина.
-Претседателот на Собранието најостро ги осудува сите форми на закани и притисоци врз носителите на јавни функции и останува посветен на принципите на демократијата и владеењето на правото, се наведува во соопштението од Кабинетот на Гаши.
Случајот, како што информираат оттаму, е веднаш пријавен во Министерството за внатрешни работи, кое презема соодветни мерки во рамките на своите надлежности.
МВР информираше дека во Секторот за компјутерски криминал при МВР има пријава за таков случај и по истата соодветно се постапува, без да се посочуваат детали за тоа со каква содржина е заканата.
Од Кабинетот претходно информираа дека во Секторот за компјутерски криминал при МВР има пријава за таков случај и по истата соодветно се постапува, без да се посочуваат детали за тоа со каква содржина е заканата.
Медиумите попладнево објавија дека претседателот на Собранието добил електронска пошта со заканувачка содржина во врска со уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот.
Гаши, како што се посочува, оваа порака ја добил по синоќешното интервју за „360 степени“ каде кажа дека по изборот на нова влада во Бугарија може да се пристапи кон решавање на спорот, но оти не може веднаш да се очекува некој голем успех во разговорите.
-Гледајќи на овој проблем низ призма на заеднички интерес и на двете држави и на двата народа, македонскиот и бугарскиот, во смисла на регионална сигурност, мислам дека е од заеднички интерес да пристапиме кон решавање на овој спор. Односно, да се тргне бугарското вето за отворање на преговорите на нашата земја со ЕУ. Мислам дека Бугарија ништо не губи, напротив, јас сум убеден дека тие добиваат, но само треба да чекаме малку време да спласне тензијата, да се разговара на масата со аргументи. Да го сфатат и нашиот контекст. И мислам дека САД и Брисел, ако помогнат малку, убеден сум дека уште малку ни треба да се одврзе овој јазол, рече Гаши.
Ново на Сител
-
Притвор за малолетникот кој извршил обид за убиство врз 55-годишен маж од скопско
-
Утре сончево и многу топло
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж