-->
-->
Заканата од тероризам во Британија намалена од критична во голема
-->

Британската влада одлучи од денеска да го намали степенот на заканата од терористички напад, од досегашната „критична“ во „голема“.
Според кабинетот на премиерот Тереза Меј, ваквото решение било донесено по консултатциите со безбедносните агенции, откако е проценета сегашната состојба со општата безбедност во земјата.
Квалификацијата „голема“ опасност од можен тероризам, постои веќе подолго време и таа сугерира дека во Британија е многу веројатно дека ќе има некаков терористички напад.
Највисокиот степен на безбедносна закана, беше воспоставен во понеделникот на полноќ, веднаш по терористичкиот напад во Манчестер, во кој бомбаш-самоубиец, роден Британец од либиско потекло, уби 22 лица, главно многу млади, а предизвика повреди на 116 други.
Нападот беше извршен на платото, непосредно до концертната хала во Манчестер, во моментот додека публиката излегувала од концертот на американската пејачка Аријана Гранде.
Степенот „критично“ за безбедносна тревога, беше третот таков сличај во Британија. Со наредба на премиерот Меј, на улиците и по виталните објекти и места каде има многу посетители, беа распоредени и илјада војници, како дополнување на полицијата.
На почетокот од оваа недела, Меј објави „војна на теророт“ а на Самитот Г7 таа побара од сојузниците, заеднички притисок за чистење на интеренет од екстремизмот, омразата и насилството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
