Зајакнати мерките за безбедност во Лос Анџелес поради закана од експлозија

Полицијата во Лос Анџелес ги зајакна мерките за безбедност во метрото и надземната железница, откако доби информација за закана од експлозија во метростаница во близина на забавниот парк „Јуниверсал“.
Началникот на полицијата во Лос Анџелес Чарли Бек изјави на прес-конференција дека информацијата за закана е дадена на ФБИ телефонски од странска служба за безбедност. Тој додаде дека заканата е многу конкретна, но треба да биде проверена.
- Властите имаат информација, која не натера да ги зајакнеме мерките за безбедност во паркот „Јуниверсал“ и на сите станици на метрото, изјави шефот на Одделот за борба против тероризмот Скот Едсон.
Тој додаде дека полицијата редовно добива закани и оти е тешко да се провери нивната веродостојност, но додаде дека патниците во метрото треба да информираат за секоја сомнителна активност.
Градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарсети изјави дека ќе се качи на метрото на станицата „Јуниверсал“ денеска изутринава за да покаже дека има доверба во мерките за безбедност.
Ново на Сител
-

Во Македонија меѓу себе се бараат околу 90 илјади лица
-

Привремено одложена имунизацијата со БСЖ вакцината против туберкулоза поради несакани реакции во Хрватска
-

Остри реакции по најавата на Комората за кратење на празниците - против и МПЦ-ОА
-

Правилникот за боледување усвоен на УО на ФЗО - нема кратење на денови туку промена на медицинските критериуми
-

Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање, ниту на придонесите
-

Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто
-

Петрова ја прифати средбата со Муцунски - Скопје во Софија без очекувања
-

Артан Груби понуди гаранција од 335.707 евра за да му биде вратен пасошот
