Захариева: Договорот за добрососедство ќе се ратификува следната недела
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерија Захариева изјави дека се надева оти Договорот за добрососедство со Македонија ќе биде ратификуван идната недела во бугарското Народно собрание.
Во интервју за Бугарската национална телевизија, Захариева изјави и дека ќе се формира комисија за историја, со цел таа да не се политизира.
Во однос на прашањето за името, шефот на бугарската дипломатија нагласува дека Софија одамна ја призна Република Македонија под уставното име, пренесува МИА.
- Важно е да се среќаваат луѓето, да се подобри инфраструктурата меѓу двете држави. Петстотини илјади македонски граѓани ја посетуваат Бугарија, а 350 илјади Бугари одат во Македонија. Прашањето е како ќе се применува тој договор. Од тамошната опозиција јазикот кон Бугарија е сосема различен. Силниот национализам и кампањата против соседите покажа дека не носат резултати, рече Захариева.
Премиерите на Македонија и на Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август, годинава, во Скопје го потпишаа Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји. Двајцата договорот го оценија како историски исчекор кој ќе трасира пат кон стабилност на двете земји и регионот
Со документот кој треба да биде ратификуван во двата парламента, меѓу другото се предвидува и формирање на Комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на докази научно толкување на историските настани.
Ново на Сител
-
Преглед на вести од светот
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот