Македонија
16. October 2026 - 12:17

Загрозен балканскиот рис

Балканскиот рис долги години се бори за опстанок.

Поради долгогодишните закани со кои се соочува, како што се ограничениот плен, уништувањето на живеалиштата со инфраструктурни проекти и криволовот се смета за критично загрозен.

Со фото замки камери со сензори за движење поставени на Јабланица и Галичица се детектира Балканскиот рис кој го има се помалку.

Проценките за бројот на балкански рисови во Македонија варираат, но најновите истражувања покажуваат дека во дивината се присутни 40-тина.

Најголемиот дел од нив околу Националниот парк „Маврово“, кој претставува клучна област за опстанокот на овој критично загрозен вид.