Македонија
16. December 2021 - 8:36

Загина 49-годишен маж од Батинци во тешка сообраќајка кај Дрисла

Синоќа во село Батинци се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на депонијата Дрисла, во која животот го загубило едно лице.

Од МВР за ТВ21 потврдуваат дека во несреќата загинал 49-годишен маж од село Батинце.

Според информациите, во сообраќајката учествувало возило Шкода Октавија, управувано од Н. Р.(1972) од с.Батинци и автомобил БМВ.

Од незгодата Н.Р починал од добиените повреди, а возачот на БМВ е пренесен во болница.

Екипи на МВР се уште се на местото на трагичниот настан.