-->
-->
Заев во Опае: Единството е иднината, со мерките од новата програма економските резултати ќе бидат многу поголеми
-->

Претседателот на СДСМ Зоран Заев придружуван од потпретседателите Оливер Спасовски и Мухамед Зекири, денеска имаше средба со граѓаните од Опае, на која се разговараше за резултатите од мерките и политиките спороведени во изминатите 2,5 години, програмата за наредните 4 години и предизборната коалиција меѓу СДСМ и движењето Беса.
Единството е иднината, истакна Заев, и ги повика граѓаните да се прдружат на концептот едно општество за сите, бидејќи нашата земја не мултуетничка од вчера, туку со векови наназад и секогаш сме се бореле заедно кога требало, против фашистите, отоманците, заедно ни гинеле дедовци и денеска, само заедно можеме да продолжиме бидејќи единството ја носи силата.
Со коалицијата со Беса, за прв пат поставуваме коалиција на различни етникуми претставени во партии, прв пат правиме коалиција пред избори, со што покажавме храброст и памет, мудрост кроткост, пријателство, доборчудност, добар збор, си подадовме рака, навистина се сплотивме и се здруживме, истакна Заев.
Пред 2,5 години најдовме земја клекната на колена, ја дигнавне и целиот свет ни се поклони, рече Заев, нагласувајќи дека за само 2,5 години ги зголемивме пензиите за 1750 денари, платите пораснаа за 4.000 денари, минималната плата од 9.000 на 14.500, отворивме 60.000 нови работни места, ја укинавме радиодифузна такса, ја вративме евтината тарифа на струјата, преку Мој ДДВ враќаме пари директно на сметките на граѓаните, социјалната помош ја големивме за 300%, воведовме државна социјална пензија, истакна Заев.
Гласајќи за СДСМ ќе успееме да го поразиме уште еднаш режимот на ВМРО-ДПМНЕ, не ни требаат кавги ни дома, ни со соседите, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, нагласувајќи дека во новата изборна програма се предвидени низа мерки со чие спроведување, економските резултати ќе бидат многу поголеми, а животниот стандард на сите граѓани многу повисок.
Центар за комуникации на СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
-

Кочоска: Голем простор во буџетот за дополнителни мерка нема
