-->
-->
Заев: Во 2018 година ќе се донесе нов закон за бенифициран стаж на рударите
-->

Наредната година го носиме законот со кој ќе се регулира бенефицираниот стаж на рударите, затоа што сме левичари и го почитуваме работникот, а рударот е врв на работникот, истакна лидерот на СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија“ Зоран Заев попладнево на митингот во Македонска Каменица.
- Кој ли се нема бенифициран стаж во Македонија, а потребата од бенефициран стаж тргна од тешката мака на рударот. Затоа, да знаете дека и таа правда ќе дојде овде и преку бенефициран стаж, рударите полесно и побрзо ќе одат во пензија, а тоа ќе отвори нови работни места на младите луѓе, рече Заев обраќајки се до рударите.
Тој се обрати и до младите порачувајќи им дека Владата со економските политики создава услови младите да останат во родните места.
- Дојдов да ветам инвестиции, една или две фабрики со триста работни места ја враќаме среќата во Македонска Каменица. Ве увервам дека со економските политики кои ги развивме, од идната година овде ќе се градат фабрики. Сакам на младите да им предочам да мислат да останат овде. Државата ја отвори младинската гаранција и од октомври достапна е за секој млад човек кој завршил образование, а нема работа. Секој млад човек може да побара работа во која било фирма, државата првата година ќе обезбедува бруто-плата за сите..., порача Заев.
Кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од СДСМ, Соња Стаменковска им порача на своите сограѓани дека на 29 октомври за градоначалник добиваат, како што посочи, свој човек, од семејство со исти работни навики, борец за социјални права, за родова еднаквост и рамноправност, човек кој знае да цени и почитува се што вреди, знае и може.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонските ракометари во група со силни противници на Светското 2027
-

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
-

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
-

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
