Заев: Утврдивме опција што може да биде прифатлива за двете страни
Македонија и Грција имаат опција која и за двете страни може да биде прифатлива, истакна македонскиот премиер Зоран Заев на прес конференција во Софија, по средбата со својот грчки колега Алексис Ципрас. Заев оцени дека денеска со Ципрас имале суштествена средба на која го потврдиле тоа што претходно го договориле шефовите на дипломатиите на двете земји.
- Важно беше да ги потврдиме сите успеси, разговаравме суштествено и разгледавме неколку опции, рече Заев.
Една од опциите е решение прифатливо за двете страни.
- По сето тоа што досега беше постигнато како премиери констатиравме и потврдиме дека стоиме зад сето тоа. И добро е што е завршено. Тоа што беше останато опциски го отворивме, преку неколку опции, и утврдивме една опција која може да биде прифатлива за двете страни, рече Заев на прес конференцијата.
Притоа тој додаде дека двете страни мора да внимаваат како тоа што е договорено, потоа инститиуционално ќе се спроведе.
- Мора да разговараме со претседателите на двете држави, со другите лидери, со шефовите на опозицајата, така што остануваме да ги разработиме и другите детали, рече премиерот .
На прашање дали може да дојде до одложување на решението за името, Заев кусо возврати- „Не дај боже“, но веднаш и додаде дека е меѓу двете страни е развиено неповратно пријателство, кое и во иднина ќе се развива.
- Би било убаво решението што двете страни би сакале да биде прифатливо, да се постигне уште сега, бидејќи на крајот на јуни имаме европски Совет, а тоа би било дополнително охрабрување за европскиот Совет.
Доколку не е возможно, кажа премиерот, ние продолжуваме во барањето решение, се додека не се договориме.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Новиот Клинички центар ќе биде поевтин од оној што го промовираше претходната Влада
-
Клиниката за хируршки болести доби донација од специјални колички - Најавена донација за Ургентен центар
-
АХВ уништи 56 тони небезбедна храна годинава
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари