Заев: Тврдењето за модифицирање на „бомбите“ е поврзано со разочараноста од СЈО поради „Рекет“ и истекувањето на материјалите
Зоран Верушевски е мој советник за национална безбедност и јас со него како и со сите мои советници сум во постојана комуникација, изјави денеска премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање за тоа од каде тој знае дека на следното сведочење на рочиштето за Таргет-Тврдина, Верушевски ќе ги разјасни работите што се отворија во јавноста на претходното негово сведочење.
-Секако дека е точно дека материјалите му се предадени на господинот Верушевски како што кажаа Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски, но тие формално правно се предадени на СДСМ, а се примени преку господинот Верушевски, а јас тогаш веќе бев лидер на СДСМ, посочи премиерот.
Изјавата на Верушевски во врска со модфицираноста на „бомбите“, Заев ја поврза со разочаранста што некој го вовлекувал СЈО во „Рекет“, како и истекувањето на „бомбите“ како случајот со Ел Чека.
-Ниту еден од обвинетите во кој било од случаите не ги оспорува бомбите, и форензиката ја покажа самата автентичност на материјалите, рече премиерот.
Заев додаде дека треба да се остават процесите да течат, сведоците да сведочат, обвинетите да си ја градат својата одбрана.
Во врска со можноста оваа недела да се одржи нова лидерска средба за Законот за ЈО, Заев истакна дека тој е подготвен за нов обид за усогласување на ставовите доколку се утврди дека тоа е потребно и оти има услови таа да се одржи.
– Земјите членки на ЕУ особено оние коио будно ги следат предметите на СЈО, како и неговата иднина потврдуваат дека е добро што е гарантирана иднината на предметите. Важно е да се донесе закон за да можеме уште повеќе да ја гарантираме иднината на самите предмети. Подобро е да има загарантирана иднина на предметите сега отколку преку закон таа иднина да се дерогира, рече Заев и испрати порака до оние кои учествуваат во работните групи и од власта и од опозицијата да направат исчекор и да се донесе законот.
Ново на Сител
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
-

Божиновска: Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем
-

Царинска управа: Лишени од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина за криумчарење на медицински препарати
-

ЈО: Побарана подготвителна постапка за четири малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

