Заев: Сите опции беа во мојата глава, ќе го почитувам пропишаното за пржинската влада
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека размислувал и да поднесе оставка откако вчера не беше донесена одлука за датум за почеток на преговорите со Европската унија.
Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека сите опции биле во игра и оти го почувутвувал гневот и разочараноста кај народот, но оти сепак смета дека нема право да се откажува и дека треба да му се даде право на народот да одлучи во кој правец ќе се движи понатаму државата.
– Јас сум човек и сите опции беа во мојата глава. Јас го почуствував гневот, разочараноста, па дури и одредена фрустрација кај нашиот народ. Тоа е горчина која ја имаме сите, дури и јас. И тоа како и секој човек ме води и мене кон секакви размислувања, но реков немам право да се откажам да се борам. Јас како и целиот наш народ ја сакаме својата земја. Нашиот народ е тој кој ни дава мандат и чест да водиме и тој ќе одлучи сега дали продолжжуваме по тој пат. Ако одиме по тој пат, јас ја барам и честа и мандатот и цел и чист и отворен за да продоллжиме по тој пат. Не сме сјајни, имаме грешки, но дефинитивно нема друг пат. Се друго е ќорскокак, се друго е крив пат, се друго е нешто во кое 27 години се вртевме во круг, рече Заев.
Тој додаде дека ќе се повлече онака како што предвидува законот и оти ќе го почитува пропишаното за „пржинската влада“.
Премиерот рече дека засега нема конкретен датум за избори и оти тоа ќе го договорат заедно сите чинители во изборниот процес.
Заев најави дека утре по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, ќе се сретне и со коалициските партнери.
Ново на Сител
-
Манасиевски: Политичкиот прогон на Заев, Спасовски и Ахмети заврши
-
Пуштено во употреба реконструирано одделение на Урологија
-
Вработените во Флораком и Луна на протест поради неисплатени плати
-
За собирањето потписи не независните кандидати ќе разговараат експерти во Министерството за Правда
-
Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата
-
Разрешената директорка од Демир Хисар денеска на информативен разговор во полиција
-
Колабирања и сончаници поради топлото време
-
Руралната инфраструктура на истокот во катастрофална состојба