Заев: СДСМ во Арачиново ќе настапи со жена Албанка

На претстојните локални избори, на 15 октомври, СДСМ во Арачиново ќе настапи со жена Мелекие Халими, граѓанин од албанската етничка заедница и член на СДСМ.
Ова го најави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев пред централната џамија во селото, при денешната посета по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
- Убавината, радоста и авангардноста на самиот концепт е тоа што ќе имаме дама. Верувам дека како оштественик, како личност која што е вградена во многу важни сегменти во секојдневниот живот на граѓаните и со човек кој потекнува од овде, ќе бидеме доволно прифатливи да ја добиеме поддршката од мнозинството граѓани во Арачиново, изјави Заев.
Нашата намера, продолжи тој, е да работиме конкретни инфраструктурни проекти во Арачиново.
- Работиме на каналите и фекалната канализација. Намерата е да стартува со проектот за средното училиште, да направиме болница и амбуланта. Водоснабдителниот систем е овде катастрофа, тоа мора да го направиме. Ова е мал град буквално, и тоа мора да го реализираме, изјави Заев.
Посочи дека убавината е во перспективата на концептот на едно општество за сите, а кое, како што рече, треба да го негуваме и надградуваме сите, затоа што оваа земја е наша заедничка земја.
На новинарско прашање дали веќе имаат кандидати за локалните избори, Заев рече дека локалните самоуправи се важни за секојдневниот живот на граѓаните и дека е убеден дека ќе изнајдат заеднички решенија и веројатно ќе има меѓусебна поддршка и со албанските политички партии.
- Разговараме и се надевам дека ќе успееме. Истовремено, знаете дека како мултиетничка партија ќе номинираме кандидати од сите етнички заедници, додаде тој.
Посочи дека се на крај во преговорите со коалициските партнери со коишто се стандардно во коалиција, а преговараат и со партнери кои биле надвор од нивната коалиција.
- Се надевам дека коалицискиот фронт ќе расте и убеден сум дека ќе успееме во тоа, во зависност од преговорите на концептот, програмата и на иднината на државата. Верувам дека во сите во закон пропишани рокови ќе ги утврдиме сите кандидати. СДСМ ќе настапи со свои кандидати со повеќе од 65 општини и тенденцијата е да одиме до максимум, ако може и повеќе од 70. Се во зависнсот од тоа како ќе се договориме со коалициските партнери и самите кандидати, изјави Заев.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски, неговите адвокати бараат ослободителна пресуда
-

Со статистика и без одговори одбележан Светскиот ден за безбедност при работа
-

Кол Томас Ален обвинет за обид за атентат врз Трамп - му се заканува доживотен затвор
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
