Заев: Русија е против проширувањето на НАТО, но не ја води специјалната војна против Македонија
Русија не ја води специјалната војна против Македонија и покрај тоа што има јасен став дека против проширувањето на НАТО. Премиерот Заев вели дека Македонија и Русија негуваат соработка и покрај различните стратегии, изјави Заев. Тој за измамата на руските хакери Заев вели дека нема поврзаност со руската администрација.
За потсетување, на прес конференцијата на Зоран Заев изјави дека Владата и нејзиниот протокол немаат намера да поднесат одговорност за телефонските разговори со руските комичари кои лажно се претставувале како генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и поранешниот украински претседател Петро Порошенко.
„Немам намера да поднесам оставка, од овој процес ќе излеземе посилни“ – oва на вонредна прес-конференција го изјави премиерот Зоран Заев.
Според него, ова не е прашање за кое треба да се поднесе оставка, туку да се извлече поука. Најави дека Владата набрзо ќе излезе со план за акција против ширење на дезинформации и зајакнување на протоколите за безбедна комуникација.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред