Заев: Растат платите во сите сектори, минималната плата од 1 јануари ќе биде 18.000 денари
Кочани е важен град во Источна Македонија, центар на македонскиот Исток и зато е важно да продолжи по вистинскиот пат.
А вистинскиот пат е со СДСМ и Николчо Илиев напред - кон развојот, кон напредокот.
Во овие четири години потавивме високи економски стандарди.
Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари.
Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра.
Тоа е логична претпоставка имајќи предвид дека растат платите во сите сектори, дека расте просечната плата во континуитет.
Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година,
Тоа е правецот во кој треба да се движи нашата земја, нашата економија и нашето општество.
За да се одржи тој континуитет, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството, треба да се избере опцијата која води напред.
А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за Кочани, најдоброто за државата.
Кочани ќе продолжи да се развива и напредува само со Николчо Илиев, само со СДСМ и Коалицијата.
Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот.
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
-

Тема на денот со Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
-

ЕУ разгледува можност за постепено интегрирање, Муцунски бара да нема билатеризација
-

Опозицијата обвини за блокади - Власта за предавство
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
-

Увид во изградбата на автопатот за Охрид
