Заев: Рано е уште да се разговара за технички премиер, Владата е насочена на економските реформи
Рано е уште да се разговара за технички премиер и министри, во овој период Владата е насочена да го одржи темпото на економските реформи, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Конференција на Светската царинска организација – ПИКАРД што се одржува денеска во Скопје.
– Рано е уште. Владата е насочена и во овој период да го одржи темпото на економските реформи што се случуваат во државата. Знаете дека имаме таргет од четири отсто, иако е проектиран во Буџетот на 3,5 отсто. Имаме цел да ги оствариме ваквите таргети со остварување на 4,1 отсто раст, а тоа значи многу нови работни места, многу нови инвестиции во државата, зголемен извоз и зголемен економски стандард на граѓаните, рече Заев.
Прашан дали ако победат на изборите повторно ќе биде премиер, Заев рече дека побарал нов чист мандат за да може да ги продолжат реформите.
Рече дека нема информации за тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оти некоја од партиите од владејачката коалиција разговараат за преоѓање во опозицискиот блок. Посочи дека секоја партија е независна во својата определба, но очекува валдејачката коалиција дополнително да се зголемува.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа