Македонија
12. July 2019 - 16:11

Заев повикува на лидерска средба, три прашања на дневен ред

Лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со три теми за разговор: статусот на специјалнотот јавно обивнителство, пописот наредната година и нов Изборен законик бара премиерот и лидер на владејачката СДСМ Зоран Заев. Тој бара состанок со опозицискиот лидер откако дијалогот меѓу власта и опозцијата на пониско ниво за овие прашања е подолго време во ќор сокак.

Заев вели дека ќе мора брзо да се направат измени на изборниот законик со цел да се иплементираат препораките на  ОБСЕ ОДИХР, а вели дека мора да се дојде и до решение за законот за обвинителство. Тврди дека во овој закон на опозицијата најспорна е специјалната обвинителка Катица Јанева

За ВМРО-ДПМНЕ промената на изборен модел во овој момент е дефуксирање на јавноста од реалните економски проблеми и аферите за власта.

Во однос на специјалното јавно обвинителство, опозициската партија вели дека се уште работи на својот закон за јавно обвинителство и дека Јанева не е дел од преговорите.

Прмеиерот уште од претседателската кмапања во април најавува и повикува на лидерска средба, особено за статусот на СЈО, но до средба никогаш не дојде. Преговорите на работните групи меѓу министерката за правда Рената Дескоска и адвокатот Тони Менкиноски се во застој од 10 мај.