Заев: Потребно е единство во историски моменти, Македонија нема друга алтернатива

Македонскиот премиер Зоран Заев и денеска ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да овозможи успешен референдум за, како што рече, успешна иднина на заедничката држава. Потребно е единство, потенцира Заев, додавајќи дека може опозицијата и власта да се различни и да не се согласуваат по многу прашања, но оти во историски моменти сите треба да застанат заедно бидејќи државата нема друг алтернативен пат.
- Како премиер имам мандат до 2020 година. Ако референдумот падне и не успее ние веројатно завршуваме со политиките овде. Но, зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата. Оттука ги црпам ставовите за одговорноста на сите главни политички чинители политички во државата вклучително и ВМРО-ДПМНЕ дека мора да се застане во обезбедување просперитетна иднина на РМ, рече Заев на конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“.
Затоа јас, наваде Заев, можеби наивно, но верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучи во успешноста на референдумот, дека ќе изнајде начин, и оти мора да изнајде начин.
- Не постои друг алтернативен пат за оваа наша заедничка земја и затоа нема да престанам да упатувам повици опозицијата да се вклучи во референдумот, рече Заев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
-

Лажни возачки за камиони и автобуси – внатрешната контрола на МВР истражува
-

Годишните извештаи на Совет на ЈО и Републичкото обвинителство за 2025 пред пратениците
-

Владата преговара со 5 до 6 потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри
-

Дурмиши: Цените во маркетите засега се стабилни, инспекциите продолжуваат
-

Потпишан договорот за гасоводот Македонија-Србија, инвестицијата вреди 29,4 милиони евра
