Заев: Полицискиот час не дава резултати, но доколку има потреба ќе се воведе

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Сител истакна дека полицискиот час не дава резултати, но доколку има потреба ќе се воведе.
-Засега не, бидејќи гледаме каде се шири вирусот. Буквално, најголем дел од вирусот се шири од групирање и неносењето на маски. Но, препораката кои денеска ја дадовме е сериозна препорака. Гледам, и граѓаните до 95 % носат маски и се држат до резултатите, рече Заев.
Вели дека стравот најмногу влијае на почитувањето мерки.
Според Заев, Македонија се однесува просечно како што се однесуваат европските и земјите од регионот.
-Претпоставка е дека ако се донесе карантин или полициски час, тоа може само додека трае малку да ги намали бројките, но штом се укине повторно ќе се зголемат. Треба навистина да бидеме внимателни во целата оваа состојба, рече Заев.
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
