Заев по пожарот на „Глобал” во Струмица: Од утре ќе се организира акција за расчистување и помош
Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во Струмица изврши увид на штетата која е направена по пожарот кој синоќа го зафати Трговскиот центар „Глобал“.
При увидот беше изразено големо жалење за страшната слика од остатоците на пожарот, кој зафатил продавници во приземјето и се проширил на првиот кат и пазарот.
Премиерот Заев изрази жалење за сериозната катастрофа и несреќа која го зафати објектот на трговскиот центар.
„Објектот е во густо населено подрачје и можеа да видат граѓаните каква огнена стихија се случуваше. Материјалните штети се огромни, нанесени се непоправливи економски штети, на деловните субјекти кои живеат и работат овде и од тука ја вадат својата егзистенција. Добро е што нема повредени и човечки жртви“, рече премиерот Заев.
При увидот беше и изразена голема благодарност до пожарникарните служби, на Струмица, како и од околината, Кавадарци, Штип, Валандово и Радовиш кои несебично се заложија да се локализира пожарот и за среќа немаше човечки жртви.
„Голема благодарност до противпожарните бригади кои до 4 наутро се бореа со пожарот. Благодарни сме за пожртвуваноста која ја покажаа и струмичките но и пожарникарите на околните општини“, изјави премиерот Заев.
„Глобал“ е симбол на модерна Струмица, струмичкиот пазар е место каде се собираат струмичани и живее струмичкиот дух“, рече Заев најавувајќи солидарност и сплотеност од страна на заедницата, бизнис секторот, институциите и општината како и сите граѓани.
„Секој ќе помогне на секој можен начин! Сите заеднички ќе помогнеме!“, рече премиерот ветувајќи помош и од институциите за санирање на материјалните штети.
Тој подвлече дека сега за Божиќните празници, сите граѓани и институции ќе покажат солидарност и заедништво и упати порака до оштетените граѓани дека веднаш уште утре, ќе се организира масовна солидарна и работничка акција за што поскоро да се врати животот на струмичани во нормала.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, осуммина се повредени при уривање на зграда во Истанбул
-
Приведен дилер од Свети Николе
-
62-годишник во Кочани се самозадоволувал пред малолетничка
-
Тешко повреден затвореник во Идризово по тепачка измеѓу две групи
-
Исчезна 33 годишна скопјанка
-
Европскиот фронт усвои политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од изборите
-
Попов: ВМРО-ДПМНЕ нема да си игра со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми
-
Каселакис го прашува Мицотакис што направил за учеството на ВМРО-ДПМНЕ на изборите под името „Твоја Македонија“