Македонија
1. September 2020 - 12:23

Заев: Николовски ќе биде и партиски секретар и вицепремиер

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, особено во делот на корупцијата меѓу јавните функционери Љупчо Николовски ќе ја задржи и партиската функција  во СДСМ како генерален секретар иако партискиот Статут  вели дека тоа е неспоива фунцкија со извршаната власт. Потврда за ова стигна токму од премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. 

Заев вели мандатот на Николовски трае до 2021 година, а за да може да остане и во Владата ќе биде променет партискиот Статут на контролниот конгрес по избори што треба да се одржи кон крајот на месецот или почетокот на наредниот. 

Според Статутот генералниот секретар учествува во градењето на политиката на СДСМ, се грижи за кадровските прашања на СДСМ и се грижи за финансиското работење, но според Заев нема етички проблем Николовски да се бори со корупцијата како дел од Владата бидејки немал конкретно министерство туку координативна функција.

Лидерот на СДСМ најави и статутарни измени во партијата со кои претседателот на СДСМ ќе се избира на непосредни партиски избори.

 

Катерина Нешкова