Заев: Ние плата земаме да им служиме на граѓаните
Сакам да апелирам на одоговорност пред граѓаните, ние сме бирани и плата земаме да им служиме на граѓаните не е коректно да се блокираат законите, кажа премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.
- Има закони кои живот значат за граѓаните и многу граѓани ги чекаат секој ден да бидат донесени. Такви се и законите за фискална децентрализација и многу други економски закони кои што за жал се заглавени. Не сакам дда обвинувам никој, но сакам да апелирам на одоговорност пред граѓаните, ние сме бирани плата земаме да им служиме на граѓаните, не е коректно да се блокираат законите, јас разбирам кој има политичка цел, кој има аргумент за тоа нека се соопшти но навистина нема никакви аргументи за ваквите законски решенија да бидат блокирани. Ниту влијаат на избори, ниту нешто може да сменат во плус или минус на престојните избори, треба да се донесат затоа што навистина се добри за целиот наш народ без разлика на неговата политичка определба, кажа Заев.
Ново на Сител
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
