Заев: Нема да има двојазичност на сите институции
Апсолутно нема да има двојазичност на сите институции на целата територија на РМ. Законот за јазиците е согласно Уставот и со него само ќе се унапредат некои практични потреби на граѓаните кои досега не им биле овозможени, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања.
Премиерот потврди и дека ќе биде дефиниран правно-формално ансамбл за културата на албанските граѓани.
- Законот за јазиците е согласно Уставот. Онаму каде што има практична потреба и Уставот го дозволува тоа, законот така и ќе се реализира. Преку него гледам отстранување на некои потреби кои досега биле присутни кај граѓаните, а не биле овозможени. Тоа е унапредување на употребата на јазиците во РМ и секако, како што постојат ансамбли, без да се зголемуваат буџетските средства, само ќе биде дефиниран правно-формално ансамбл за културата на албанските граѓани, истакна Заев по потпишувањето на договорите за поддршка на млади земјоделци во МЗШВ
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот