Македонија
10. November 2017 - 14:28

Заев: Не се преговара со ДПА за влез во Владата

 
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се водат преговори за влез на ДПА во Владата.
 
- Јас не водам преговори со ДПА за влез во власта. Се надевам дека брзо ќе ги најдеме кадровските решенија за пополнување на испразнетите места, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по презентација на Буџетот за наредната година.
 
Останувам, потенцира македонскиот премиер, на определбата на сегашната владина коалиција за унапредување на соработката и со други политички субјекти и поединци во Парламентот, особено од важност за она што претставува национален интерес, реформи и главни приоритети на граѓаните на Република Македонија.