Заев-Марковиќ: Интеграција во ЕУ и НАТО за стабилност и економски развој на регионот

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Софија се сретна со неговиот црногорски колега Душко Марковиќ, со кого заеднички оцениле дека регионалната соработка се одвива ефективно, во интерес на потребите на граѓаните и на евро-атлантските интереси на регионот.
За време на разговорот, како што соопшти владината прес-служба, било констатирано дека соработката меѓу бизнис коморите на двете земји е добра и се очекува унапредување на бизнис соработката меѓу двете држави.
Во таа насока било истакнато дека од голема важност обезбедувањето авио линија Скопје - Подгорица – Сараево, за која биле споделени најновите информации за реализација на оваа иницијатива.
На средбата во Софија се разговарало и за реализација на проекти од областа на здравството, во интерес на граѓаните на двете земји.
Двајцата премиери размениле мислења за важни политички прашања во делот на напредокот кон ЕУ, како и НАТО интеграциите на Република Македонија.
- Зголемен е интересот за инвестирање во Македонија по покренатите реформски процеси во државата и отворените перспективи на Македонија за НАТО и ЕУ, рекол Заев.
Тој и неговиот црногорски колега се согласиле за имплементирање на европските препораки за политичкиот и економскиот развој на регионот.
Премиерот Зоран Заев е во еднодневен престој Софија за работниот ручек што премиерот на Република Бугарија, земјата претседавач со ЕУ, Бојко Борисов го приредува за Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер и за лидерите од Западен Балкан.
На состанокот во Софија ќе присуствуваат и еврокомесарот Јоханес Хан и претставничката за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Ново на Сител
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
-

Трамп: Војната со Иран би можела брзо да заврши
-

Во голема акција на Европол и црногорската полиција уапсени 12 членови на балкански картел
-

Бројот на убиени по пукањето во училиште во Турција се искачи на девет лица, од кои осум се деца | ВИДЕО
-

Турција: Осмоодделенец, син на полицаец, со оружје од татко му во училиште уби четири лица, рани 20 па се самоуби
-

Лавров: Иран има неотуѓиво право да збогатува ураниум
-

Татко се самозадоволувал пред синот и го наведувал да гледа порнографска содржина и да самозадоволува
-

Приведени шест возачи за безобѕирно управување возило, четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол
