Заев: Македонија секако ќе треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ

Премиерот Зоран Заев, прашан дали со неговата вчерашната изјава за Радио Слободна Европа остава простор за дополнителни преговори со можност за промена на Уставот со цел промена на уставното име, одговори „не“ и објасни дека доколку рекол такво нешто, го кажал дека Македонија секако ќе треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ, како и секоја земја членка.
- Македонија секако треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ, како и секоја земја членка, која пред влегувањето во ЕУ го прави тоа и дел од својот суверенитет го предава на Унијата. Ако се работи за дополнителни гаранции или нешто што е важно за граѓаните на Грција, кои се страна, тогаш би можело и за тоа да се разгледува како можност. Јас сум човек кој ги бара сите можни креативни начини на изнаоѓање на решение, знаејќи дека може да се постигне решение ако институциите во Грција гласаат и институциите во Република Македонија гласаат за тоа решение, рече Заев по денешното рочиште за „Поткуп“, одговорајќи на новинарски прашања.
Посочи дека од тој аспект на крајот се работи за одлуки на институциите и не се работи за одлука на Заев и Димитров или одлука на Ципрас и Коѕијас.
- Веројатно сум ги кажувал можните варијанти на она што е можно да се случува во иднина се со конечна желба да се најде решение, но притоа да се одржи достоинството и идентитетот да се сочува, рече Заев.
Прашан како ги коментира заканите од „Тврдокорни“ кон него, Заев рече дека низ годините се научил на закани што доаѓале и вербално и практично.
- Веројатно отрпнавме на овие работи. Јас само апелирам, ако заканите се со извесна веројатност дека може да се реализираат, органите на државата да си ја вршат својата работа. Без разлика дали тоа се работи за мене или за било кој граѓанин на Република Македонија, рече Заев.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
-

Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната
