Заев: Ќе се менуваат учебниците каде пишува бугарски фашистички окупатор
На новинарско прашање дали според договорот со Бугарија ќе се менуваат учебниците по историја, премиерот Зоран Заев кажа дека нема да се менуваат учебниците по историја но ќе се менуваат термини бугарски фашистички окупатор.
- Се зборува за термини каде што називот на пријателската нација Бугарија е поврзана со фашистички окупатор. Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, и во тој дух во духот на пријателството, соработка и добрососедство очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено и одредени слабости кај бугарските учебници, спреми се и тие од таа страна тоа да го направат, бидејќи така се гради добрососедство, затоа што ниту во тоа време не можете да квалификувате една цела нација за опредена определба, кажа Заев.
Ново на Сител
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО