Македонија
18. September 2015 - 17:10

Заев индректно призна дека телефонските разговори не се доказ

Незаконските снимки на Зоран Заев не докажуваат ништо. Признанието стигна лично од Заев во вчерашното гостување на 24 вести каде што самиот кажа дека луѓето во приватни разговори зборуваат многу работи кои не се никаков доказ.

Лидерот на СДСМ рече дека само тој и Господ знаеле што има на снимките за веднаш потоа самиот да признае дека целиот негов кабинет ја прислушувал приватноста на граѓаните.
Иако на почетокот тврдеше дека располага со околу 30.000 снимки, Заев наеднаш ја смени бројката на неверојатни 600.000 илјади.

Заев потврди дека професорот Калаџиев бил првиот предлог на СДСМ за специјален обвинител. Зборувајќи за кризата во Македонија Заев направи параалела со украинските сценарија што според експертите треба да се сфати како закана во случај да не се постигне договор за останатите отворени прашања по мерка на СДСМ. Според нив, тоа е доказ за тешката криза во која се наоѓа СДСМ соочена со славата поддршка од граѓаните.