Заев и Мицковски попладнево во Влада ќе ја имаат првата средба

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и новоизбраниот претедател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковки денеска во Владата ќе ја имаат првата лидерска средба по која ќе бидат дефинирани следните чекори на опозициската партија.
- По завршување на говорот на претседателот Иванов имав куртоазна средба со премиерот Зоран Заев на која побарав денеска да се видиме и веднаш добив позитивен одговор, така што договоривме во 16 часот да оствариме една кратка средба на која што ќе ги дефинираме идните насоки и правци на делување и на опозицијата и на власта, рече Мицковски.
Посочи дека конструктивноста не смее да биде еднонасочна, туку двонасочна.
- Очекувам голема конструктивност од страна на власта, бидејќи таа ја има целокупната одговорност. Тука, се разбира, е и опозицијата да ја додаде таа вредност, но ние треба заеднички да ги договориме кои би биле и само за интересите на граѓаните, изјави новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
По средбата, потврди Мицковски, ќе биде отворена внатрепартиска дебата и дијалог во партиските структури и меѓу пратениците, по што ќе бидат дефинирани сите натамошни чекори на партијата. Од оваа дебата треба да произлезе и ставот дали пратениците ќе се вклучат во работата на Парламентот. Влатко Ѓорчев, веќе и официјално од денеска е привремен координатор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Засега, кажа Мицковски, остануваат деветте пратенички групи.
Според Мицковски, одлуката за повлекување на Илија Димовки, кој беше долгогодишен координатор на пратениците во Собранието била лична.
Пратеничкатa група засега е единствена.
Ново на Сител
-

Мерц: АфД е „деструктивна сила“ која никогаш нема да освои апсолутно мнозинство
-

„Екс ју авијација“: „Ер Србија“ со 14 лета неделно меѓу Белград и Скопје во зимската сезона
-

За две години во Србија се породиле повеќе од 3.500 тинејџерки, 31 биле помлади од 15 години
-

Утрово уапсен Перпарим Бајрами, сам се предал на полицијата
-

Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета | ФОТО
-

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола
-

Во Осло денеска државен погреб на норвешкиот крал Харалд Петти
-

Шји Џјинпинг и Путин му честитаа на Ким Џонг-ун по повод националниот празник на Северна Кореја
