Заев: ФФМ треба да го промени името според Преспанскиот договор

Сите невладини институции, приватни или правно-приватни субјекти во кои спаѓаат и приватни фирми и граѓански здруженија, ако примаат пари од Буџетот за нивни меѓународни активности, треба да го почитуваат Преспанскиот договор. Вака премиерот Зоран Заев одговори вчера на прашањето дали ќе се менува името на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Заев рече дека чувствува горчина, но Преспанскиот договор е завршена работа и тоа е нешто што ни обезбедува иднина. Треба да тераме во тој правец, не ни требаат, како што нагласи, нови непријателства.
-Сите институции кои не се државни, а примаат пари од државата за нивно претставување надвор, имаат обврска според Преспанскиот договор да се променат. Очекувам федерациите дури и кои не примаат пари или други здруженија, да го следат уставното име на државата. Не дека не е горчина и кај мене. Тоа е завршена работа и тоа е нешто што ни обезбедува иднина. И треба да тераме во тој правец. Не ни требаат нови непријателства. Дефинитивно сите невладини институции, односно приватнни или правно-приватни субјекти во кои спаѓаат и приватни фирми и граѓански здруженија, ако примаат пари од Буџетот за нивни меѓународни активности, тоа треба да го направат, објасни Заев.
Во јануари, потсети премиерот, ФФМ има примено пари од Агенцијата за млади и спорт.
-Очекувањата се да постапат согласно Уставот и законите зашто Преспанскиот договор е ратификуван и тој е закон. Да, во фудбаласката репрезентација на Македонија играат Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци,… Треба да го следиме Преспанскиот договор зашто тоа е наша обврска, а Грците си имаат нивни обврски кои ги исполнуваат, рече Заев.
Ново на Сител
-

Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
-

Јаневска: Со новиот закон нема да се мешаме во автономијата на универзитетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
-

Владата со одлука - да се проверат на сите фирми кои имаат лиценци за производство на канабис
-

Филипче: Акцијата на власата е дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница
-

Стручна конференција: Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров
-

Охридскиот студентски дом два дена без струја
