Заев: Да живее Европска Преспа
Поранешниот премиер Зоран Заев преку Фејсбук им се обрати на учесниците на денешниот собир на Маркова Нога во Преспа, на македонско-грчката граница. Заев уште еднаш се заложи за отворање на граничен премин на Маркова Нога, што е една од обврските на двете страни во Преспанскиот договор.
Еве го во целост обраќањето на Заев:
„Драг Stratos Vasilopoulos, драги пријатели од Грција, упатувам огромна благодарност за вашата иницијатива и за поканата да се сретнеме на преминот Маркова Нога и во исто време се извинувам што поради неодложни обврски не успеав да бидам со вас денеска. Оваа порака ја упатувам и во име на моите пријатели од струмичкиот мото-клуб.
Како поддржувач на политиките на отвореност, добрососедство и поврзување, го споделувам вашето очекување што поскоро да се отвори граничниот премин Маркова Нога што нашите две пријателски држави го презедоа како обврска од Договорот од Преспа.
Отварањето на граничниот премин Маркова Нога е наша обврска кон сегашноста и иднината – ова е вистинското и крајно време да ја срушиме неприродната блокада на природниот тек на брегот на Преспанското езеро. Очекувам дека во најбрз можен рок ќе се завршат неопходните инфрастурктурни интервенции и дека многу скоро ќе се најдеме таму на официјалното отворање на преминот што ги поврзува двете страни на Преспа.
Верувам дека вашето денешно дружење, како и она од минатиот викенд за време на манифестацијата Запознај ја Преспа ја прави Преспа плодна почва за раст и развој на нашиот европски Балкан, мегдан за спојување на различните и блиските култури и пркос кон оние кои во 21 век се уште се водени од омразата наместо од мирољубието.
Во име на европската иднина на Преспа наздравувам со вас преку мојот пријател Васко и невладината организација Преспа ГРАД.
Верувам дека многу скоро ќе имаме можност да се возиме заедно по падините на преубавата Баба Планина и брегот на Преспа и како македонски и грчки авто-мото спортисти, да посетиме и да се поврземе со албански пријатели на третата страна од Преспа.
На здравје, да живее европска Преспа“, пишува поранешниот премиер.
Ново на Сител
-
Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
-
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран
-
Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона
-
Мицкоски: Жално е што во 21 век во ЕП на талибански начин се оспоруваат македонскиот идентитет и јазик
-
СПМ: Македонскиот идентитет и јазик се реалност, не треба да биде предмет на оценки и дебати
-
21-годишник со мотоцикл удрил пешак во Велес и побегнал
-
ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од порано, сега се реагира веднаш за пожарите
-
Допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации - обвинение за поранешниот директор на Шутка, Филип Андонов