Заев: Да не дозволиме да бидеме наивни да отвораме работи кои можат да не поделат
Заедно ќе продолжиме да ги утврдиме следните чекори поврзани со самото законско решение, заради тоа што дефинитивно нема да дозволиме да бидеме наивни никој од нас да отвораме повторно некои работи кои би можеле да не поделат, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со ставот на вицепремиерот Бујар Османи околу прифаќањето на измените на Законот за јазици препорачани од Веницијанската комисија.
-Секогаш сме биле конзистетни на изјавите и она што сакам уште еднаш да го реафирмирам во јавноста е дека многу убави работи се случија во последните две и пол години со кои што нашиот народ, сите етнички заедници, различни религиозни групи и секако различни културолошки наследства и сличности, успеа да се обедини во концептот на „Едно општество за сите“. Од сите тие работи овој Закон беше едната работа која не обедини. Секако, како што рековме и претходно и така понатаму ние дадовме заеднички писма и дописи до Венецијанската комисија, Владата носеше одлуки, Парламентот го усвои претходно законот, додаде премиерот Заев.
На крајот истакна дека на внимателен начин и во иднина ќе се одлучува заради тоа што обединето и заедничко општество носи поквалитетен живот за сите граѓани во државата
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
