Заев: 5G-мрежата ќе предизвика многу попозитивни ефекти отколку појавата на електричната енергија
Кога зборуваме за дигитализација како за четврта револуција, 5G-мрежата ќе предизвика многу попозитивни ефекти отколку појавата на електричната енергија и ќе биде инструмент за трансформација, односно за дигитализација на традиционалните индустрии, истакна денеска премиерот Зоран Заев по потпишувањето на Меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологиите, со потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач.
Премиерот нагласи дека со Меморандумот РМ и САД ја потврдуваат својата желба да ја зајакнат соработката поврзана со спроведувањето на 5G технологијата која, како што рече, е во согласност со нашиот национален оперативен бродбенд план што го усвоивме минатата година како наш стратешки документ за новата ера на дигитализацијата на земјата.
– Република Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ, како и нашите политики за безбедносните аспекти на имплементацијата на 5G-технологијата со нашиот стратешки партнер и сојузник во НАТО, САД, наведе претседателот на Владата.
Тој посочи дека имајќи ги во предвид предностите на безжичната комуникација од петтата односно 5G-технологијата овој Меморандум за соработка е од витално значење за идниот просперитет на нашата земја од економски аспект, како и за националната безбедност.
– 5G ќе овозможи огромна низа нови апликации, вклучително и обезбедување клучни услуги за јавноста што ќе им користат на нашите граѓани и на нашата економија. Зголемените количини на податоци на 5G-мрежите дополнително ќе ги поврзат економиите во светот, вклучително и Република Македонија и САД и ќе ги олеснат прекуграничните услуги и трговијата, образложи Заев.
Премиерот посочи дека РМ и САД ја нагласуваат важноста за поттикнување учество на релевантни и доверливи мрежни добавувачи на хардвер и софтвер на 5G-базите земајќи ги предвид проценките за ризик и промовираат рамки кои ефикасно ги штитат 5G-мрежите од неовластен пристап на трети страни.
Крач упати благодарност до Заев за, како што рече, неговата визија, лидерство и пријателство.
– Македонија е драгоцен стратешки партнер и оваа церемонија на потпишување е доказ за силното пријателство меѓу нашите две држави, рече Крач.
Тој нагласи дека мрежите ќе бидат од витално значење за економски просперитет и стабилност во регионот.
– Чистата мрежа е сеопфатен пристап да се адресираат долгорочните закани за приватноста, безбедноста, соработката и човековите права, истакна Крач.
Тој посочи дека неговата мисија е да донесе што е можно повеќе приватни инвестиции во РМ.
– Мислиме дека можеме да ја контролираме судбината на 5G и ќе ги водиме луѓето кон безбедна и чиста иднина. Меѓутоа, она што е најбитно од се е дека со ова потпишување станува збор за довербата. Довербата е основа во секој однос дали станува збор за деловен, личен однос, всушност купувате од луѓето на коишто им верувате. Станувате партнери со луѓето на коишто им верувате. Ова значи градење на отворена интероперативна безбедна глобална комуникација која што се базира на споделени демократски вредности во чија основа се наоѓа довербата, заклучи Крач.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана