Заев: 190 милиони денари за системи за наводнување и одводнување

Дел од капиталните инвестиции поврзани со водостопанство, наводнување, водоснабдување и одводнување спаѓааат во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Управата за водостопанство и АД „Водостопанство“. На крајот на годината очекуваме да направиме мултифункционално решение, во кое помагајќи ги јавните комунални претријатија кои што должат према АД Водостопанство 298 милиони денари обврски од 2013 наназад, Владата ќе интервенира со 200 милиони денари, а 98 милиони денари АД Водостопанство ќе ги избрише од обврски и за нив ќе плати 10 осто данок на државата како застарени побарувања, избришани побарувања.
Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев по пуштањето во употреба на училишна спортска сала.
Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот појасни дека 190 милиони денари за АД Водостопанство ќе бидат за капитален развој. -Во делот од тие програми се и регулациите на Вардар и регулациите на другите системи за одводнување кои постојат во државата, но и санација и доизградба на системи за наводнување, изјави премиерот Заев од Јегуновце.
На новинарско прашање дали СДСМ ќе го поддржи сегашниот градоначалник на Јегуновце за втор мандат, Заев одговори дека одлуката ќе биде донесена наредната недела.
-Дарко Блажески е еден од нашите кандидати. Имаме кандидати, квалитетни луѓе. Дарко Блажески ја доби честа од граѓаните во првиот мандат и денес можеме да се пофалиме со огромен број на стотици проекти кои што се завршени овде, но тоа е наше видување од СДСМ. Најважно е видувањето од граѓаните, знае Дарко, како што знаат уште 35 или 36 кандидати од општините дека ги чекаме анкетите да завршат. Јас можам да кажам дека има уште четири анкети да завршат, така на крајот на оваа седмица, на почетокот на идната седница до вторник 24 август ќе ги донесеме одлуките вклучително и одлуката со кој кандидат ќе настапиме во општина Јегуновце, изјави Заев.
Ново на Сител
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-

Уапсен гостиварчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта
