Заедничко одбележување на Св.Кирил и Методиј и на Прличев, предлага бугарско-македонската комисија

Мултидисциплинарната експертска комисија меѓу Бугарија и Македонија ќе им прдложи на владите на двете земји заедничко одбележување на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и на Григор Прличев, соопштија по дведновните разговори во Софија копретседателите на комисијата од бугарска и од македонска страна Ангел Димитров и Драги Георгиев, пренесува БТА.
-Со нашите колеги од Република Македонија се согласивме од научна гледна точка да оправдаме зошто нашите две влади треба да продолжат да го слават заеднички Денот на светите браќа Кирил и Методиј, објасни претседателот од бугарска страна Ангел Димитров, по третото заседание на заедничката комисија.
Постигната е согласност и да се предложи во двете држави да биде почитуван и одбележан Григор Прличев, човек со исклучителни заслуги за културниот и општествениот развој.
– Направивме сериозни напори да ги доближиме позициите околу интерпретацијата на средновековната историја и особено на личноста на Цар Самоил. Разговорите беа долготрајни и сериозни, професионално коректни, тешко доаѓаме до заедничка позиција, но не сме кренале раце, вели Димитров.
Тој посочи дека тешко се надминуваат тези кои биле утврдувани со десетлетија и оти општеството тешко ги прима таквите промени.
– Ние треба да направиме чекори кои ќе ги убедат општествата и во двете земји за користа од таквите промени, Останувам со надежта дека ќе продолжиме и натаму и оти резултатите ќе бидат задоволителни, вели Димитров.
Според него, многу е важно да се утврдат настаните и личностите чие заедничко одбележување ќе придонесе за зближувањето на двете држави, за зголемување на довербата и соработката.
Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја во Скопје, кој е копретседател на Комисијата од страна на Република Македонија, рече дека на средбата во Софија имало позитивна атмосфера и желба за соработка.
– Задоволен сум од средбата и се враќам со позитивна енергија во Република Македонија, кажа Ѓоргиев.
И двете страни ги имаат изготвено своите забелешки во однос на учебниците од основното образование и тоа ќе биде тема на наредните средби на комисијата.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
